Знаеме дека Босна одамна е земја на апсурди. Но, таа е татковина и на посебен европски, поточно, оригинално босански парадокс. На тоа секако не може да се восхитуваме, бидејќи парадоксот е мисла или став кој во себе содржи доволно противречности за продолжени судири.
Покрај се, како што вели Бернард Шо – „во животот постојат две трагедии: едната е да се изгуби желбата во срцето, а другата е кога ќе ја стекнеш”.
Земјо моја
Несреќа е, како што тоа го напишал и нашиот Меша Селимовиќ – „што сме ја засакале таа своја земја, па не сакаме никаде од неа, а се се плаќа па и љубовта”. И што таа Босна, од нашето колективно, а и од лично искуство, ние не ја даваме кога најмногу ни ја земаат. А и ја признаваме кога е далеку; сакаме да ја прегрнеме и кога умираме. Бидејќи, како што вели Меша, не ни е сеедно: „А кога ни е сеедно, значи дека сме чесни. А кога сме чесни, секоја чест за нашата лудост”.
Впрочем, лудоста на еден човек е „реалност” на тој другиот. Но, што после се стана нашата реалност? Дали тоа е помирување со судбината на која се „согласивме”, бидејќи во последните 25 години не претставуваа главно погрешни лидери; секогаш во чекор зад тие кои не покоруваа и секогаш само апологети на туѓи трендови таму каде требаше да не водат.
Босна-карта-луѓе
Се гледа на римските карти дека „terra” (земја) Босна не настанала во Дејтон
А можеше да се крои и поинаку! Бидејќи, Босна не е евтина басма, туку многу скапа леопардова кожа. Така како што тоа во „Откупот на суровата кожа” го опеал Авдо Сидран. Но, инспиративната реченица за босанскиот парадокс вградена во темелите на европските недоречености, ја собрав тогаш од мислечките луѓе од „Форумот на Босна”; за тоа во тој форум на научни трудови на учените Босанци, сите светски и верски провениенции, тие наскоро ќе печатат книга.
Ветуваат дека ќе се обидат да одговорат како поради колонијалните или подобро кажано поради империјалните расплети, се случува тоа опасно политичко и културно антибосанство.
Во тој дел на Европа во кој Босна е од памтивек, како што вели Ферид Мухиќ, поставена како „Catena Mundi” (папокот на светот)!
Донекаде знам како е тоа со Босанците во Америка, но не сум сигурен како е со тие во Босна, бидејќи тие многу нешта ги земаат здраво за готово, од Бога дадено, па и не го ни ценат. Но, од тука од Америка, од каде луѓето и настаните се гледаат поинаку, бидејќи малку се табуата кои ги признаваме, тој босански „геополитички парадокс” изгледа како сосема пристојна паралела: што помалку босанство, повеќе српство и хрватство.
И така, што семантички, што политички, повеќе и збунето босанство!
Од искона
Ако сме веќе за Европа, тогаш босанството, кое еве 20 и повеќе години е исклучително политичко, а помалку земско, погрешно го имитира тоа што не му е својствено. Тоа исконско босанство не ја редуцира нацијата на само една вера, како што тоа го прават Србите со православието и Хрватите со католицизмот.
Ако еден убав ден босанството стане не само територијална туку и практична, корисно употребна национална вредност, отворена за сите босански муслимани, христијани, Евреи, будисти, атеисти и останати, без еднорелигиски императиви и секуларистични наметнувања, тоа ќе биде навистина прекрасно братство.
Звучи речиси идеално, бидејќи и без редукција на идентитетот за сите тие кои во Босна сакаат да бидат тоа што веќе долго се, на пример, босанските Срби и Хрвати. Но, треба да се има чесност, покрај еден condito sine qua non (услов без кој не се може): Нема национални нарекувања на босански територии ако тоа сугерира сегрегација, или уште подобро, ако не е темелено на босанството.
Тој „швајцарски принцип” за кој веќе пишувавме, е исправна категорија, бидејќи се издигнува над изживеаниот национален романтизам. Многу несреќи тој евроромантизам нанесе во изминатите векови, настрана маестралната култура, импозантната архитектура и валцерите за сите времиња.
Од босанскиот парадокс затоа треба да се извлечат поуки и школо преку кои не се може. Без оглед во кои национални фустани нашиот босански, штокавски јазик ќе танцува, семантиката мора да се прецизира без политичка кал како до сега.
Босна е држава Босна и Херцеговина, но затоа Босанците не се „Босанци и Херцеговци” како што ни Србите не се „Срби и Шумадинци”, а ни Хрватите не се „Хрвати и Далматинци”. Се гледа на римските карти дека „terra” (земја) Босна не настанала во Дејтон. Останатото е што се вели, историја.
Дневни Аваз – Сараево