„Тиранската платформа“ е мит креиран од македонските политичари со лош вкус“, изјави албанскиот премиер, Еди Рама во интервју за европското издание на влијателниот американска магазин „Политико“.

„Има мит создаден во Скопје за политички цели дека албанските партии следат платформа напишана во Тирана. Тоа е лага, мит, креиран од политиката со многу лош вкус. Нападот на платформата е опасен, бидејќи тоа е политика која разгорува поделби, а не заедништво.
„Нападот на платформата е многу опасен бидејќи тоа е еден вид политика која поттикнува поделби, а не единство. Последната работа што ѝ е потребна на Македонија, последната работа што на сите нас ни треба е потпалување меѓуетнички конфликт, бидејќи таквите работи не можете да ги контролирате“, изјавил Рама.
Албанскиот премиер беше обвинет за потпалување на „балканскиот оган“ со неговата улога во македонската криза. Партиите на Албанците во Македонија, како што пишува „Политико“, подготвиле заедничка платформа по средбата со Рама во Тирана, по декемвриските избори. Платформата повикува на поголеми права на етничките Албанци во Македонија, вклучувајќи го и албанскиот јазик како официјален во државата. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека платформата може „да ја уништи државата“.
Но, Рама во интервјуто ја брани платформата и вели дека тој само „ја олеснил“ средбата меѓу албанските партии од Македонија и не се обидувал да се вмеша во внатрешната политика на државата.
Албанскиот премиер заклучува дека единствена перспектива за целиот Балкан е само ЕУ. Перспективата на проширувањето на ЕУ на Балканот, не смее да избледат, вели Рама и додава дека Европа ќе се соочи со „кошмар“ доколку проширувањето го снема од агендата
Последната работа што ѝ е потребна на Македонија, последна работа што на сите ни е потребна, би била разгорување на меѓуетнички конфликт бидејќи овие работи тешко се контролираат“, вели Рама за „Политико