Истражување на Институтот за економско истражување и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) покажува дека 76% од вработените во Македонија примаат плата пониска од 20.000 денари.
Според Институтот, овој процент е најголем во услужните дејности, земјоделството, трговијата и преработувачката индустрија, а најмал во финансискиот и енергетскиот сектор.
Според ова истражување само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби и да заштеди дел од својот доход, 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28,1 отсто не успеваат ниту тоа.
За 78 отсто од населението во Македонија, платата или пензијата е основен извор на пари. Другите преживуваат со помош на родителите, сопружниците, роднини од странство или од државата, покажуваат последните резултати од анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк (Finance think).
50 % од населението не можат да си дозволат да јадат во ресторан барем еднаш месечно, 91 % да одат на козметички третман, масажа, 78 % да купат ново парче облека, обувки еднаш месечно, 76% да возат автомобил секој ден…