
Научниците активно го бараат 2000-годишниот брод за гоштевање на императорот Калигула, за кој се претпоставува дека се наоѓа на дното на италијанското езеро Лаго ди неми.
Се проценува дека лудиот император користел 120-метарскиот брод за бучни забави кои вклучувале многу алкохол и секс. Алберто Бетручи, градоначалник на италијанскиот град Неми, кој се наоѓа на југ од Рим, со помош на полициски службеници, започнува претражување на езерото.
Искористувајќи хидролокатор, како и високо-технолошки скенери за откривање на предмети закопани на длабочина, тимот се надева дека ќе успее да го открие легендарниот брод.
Како можеби изгледал бродот на императорот одвнатре е документирано преку римскиот историчар Катун. Според описите бродот располагал со “10 реда весла на секоја страна, од палубата, покриени со камења … широки бањи, галерии, скали, како и богат спектар на вина и плодни дрвја.”

Екипата има надеж дека ќе ја постигне својата цел, особено откако на крајот на 20-тите години на минатиот век токму од ова езеро се извлеченит два брода – т.н. “Неми бродови”. Едниот од нив е долг 73 метри, а вториот – 71 м. И дури може да патува во двете насоки без да се сврте.
Откако биле откриени, бродовите се чуваат во музеј во близина на езерото, но за време на Втората светска војна се изгубени во пожар. Успеваат да ги спасат само бронзени орнаменти со лавовските глави, како и мермерни подови, кои и до денес можат да бидат видени во Националниот римски музеј во Рим.
При претходното истражување езерото е пресушено, но делот каде што во моментов се одржуваат пребарувањата, источниот дел не е. Новото пребарување е инспирирано од нуркач од XVI в. Франческо де Марчело кој користел раните технологии на своето време, за да се нурне во езерото и да го бара бродот на Калигула.
“Тој е документирано со пронајдени остатоци од другиот крај на езерото, не таму каде што се пронајдени другите бродови. Опишан е и брод со должина од околу 120 метри. Оттогаш многу пати рибари носеле предмети фатени во мрежите им токму од овој дел на езерото “, вели Бетручи.
Според градоначалникот претходните обиди за откривање на бродот биле спречени од недостатокот на технологија, а неговиот тим сега е чекор напред заради добрата опрема: “Нуркачите долги години се обидувале да го откријат бродот, но во езерото има лоша видливост поради матната вода.”
Калигула е познат со лудилото и бруталноста и си смета дека извршувал разни сексуални обреди со сестрите, хранел дивите ѕверови со затвореници и си зборувал со месечината.
Токму поради својот темперамент лудиот император е убиен од преторианците, а по него по жесток начин се убиени и жена му – Цезонија и нејзиното бебето – Јулија Друзила.
Не е фантастичен и фактот дека долги години никој не правел обиди да го извади бродот на императорот од калливото езеро – сепак по неговата смрт се губат сите траги од бродот на откачениот Калигула.
Дури во последните векови почнува да се буди интересот за еден од првите, ако не и првиот луксузен брод во историјата. “Ако навистина е таму долу и е толку долг, тогаш зборуваме за првиот луксузен брод на Земјата”, вели градоначалникот на градот Неми.