САД бараат решение за Македонија. Денеска во Македонија е заменик помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, кој вчера се стетна со партиите на Албанците во Македонја а денеска се очекува со највисоките државни претставници претседателите Ѓорѓ Иванов и со Талад Џафери и двајцата клучни лидери Зоран Заев и Никола Груевски.

Неодмана Стејт депатментот се изјасни дека секој кој ги кочи демократските процеси и стабилноста на Македонија и во регионот пошироко, може да сноси одговорност за своите постапки.
Неделава, Стејт департментот беше меѓу првите (заедно со ЕУ) што го честиташе изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Американската амбасада и сите досегашни амбасадори активно се вклучени како посредници во сите клучни прашања за Македонија, на надворешен и внатрепан план.
Зошто ?
Одоговорот лежи во архивите на оваа институција каде што се наоѓа еден документ со датум од 7 мај 2008 година што се смета за најголемиот и најзначајниот документ во македонско-американските односи.
На овој датум во Вашингтон тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.
Потпишувањето на декларацијата која всушност е гаранција за стабилноста и безбедноста на Македонија во регионот, уследи поради грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во април 2008, откако тогашниот американскиот претседател Џорџ Буш не успеа да издејствува членство на Македонија во НАТО Алијансата.
Една од главните цели на Декларација е дека САД ја гарантираат безбедноста на Македонија, иако таа не значи дека треба да биде биде замена за членство во НАТО, но значи да ја заштити Македонија во тој меѓупериод додека Грција го блокира нашето членство во НАТО
Со Декларацијата се потенцира определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можноста да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците, преку промоција на културна и образовна размена.Двете земји ќе ги ги зацврстат своите стратешки односи преку интензивирање на консултации и соработка во областите на безбедност, врски помеѓу граѓаните, како и во трговијата.
Исто така во декларацијата се наведува која е и обврска на Вашинготн :Соединетите Држави и Македонија ја потврдуваат својата поддршка на принципите на суверенитет и територијален интегритет на државите, на целите и принципите на Повелбата на ОН, и на унитарна и мултиетничка Македонија во своите постоечки граници.
За заинтересираните, колку за одговор, вреди внимателно дас е прочит секој збор, како што внимателно е напишан и секој за себе е порака . за да се нанјде одговорот -зошто Американците се постојано присутни во Македонија и сугерираат, или како што тоа би го нарекле провмровксите медиумски перјаници и грујевистите, „што ни се мешаат“ – прочитајте ја целата Декларација Македонија -САД :

Текст на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка :
„Соединетите Американски Држави и Република Македонија се решени да го прошират и продлабочат блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности.
Двете земји сакаат да ги зацврстат своите стратешки односи преку интензивирање на консултации и соработка во областите на безбедност, врски помеѓу граѓаните, како и во трговијата.
Соединетите Држави и Македонија ја потврдуваат својата поддршка на принципите на суверенитет и територијален интегритет на државите, на целите и принципите на Повелбата на ОН, и на унитарна и мултиетничка Македонија во своите постоечки граници.
Македонија и Соединетите Држави забележуваат дека Македонија, како демократска, безбедна и просперитетна земја, со пријателски и конструктивни односи со своите соседи, и како активен учесник во регионалните и меѓународните економски, политички и безбедносни форуми, е витална за мирот и стабилноста во Југоисточна Европа.
Во оваа смисла, Соединетите Држави продолжуваат да ги поддржуваат безбедноста, стабилноста и економскиот развој на Македонија. Во интерес на едно уште поцврсто партнерство, Соединетите Држави имаат намера веднаш да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија за да се помогне во изградбата на просперитет, за да се зајакне безбедноста и за да се поттикнат уште подлабоки врски помеѓу нашите две земји.
Македонија изразува длабока благодарност на САД за досегашната помош на граѓаните на Македонија во нивните напори да го институционализираат и да го направат траен демократскиот процес преку кој се остваруваат нашите заеднички вредности за мир, слобода, владеење на правото, и слободна пазарна економија.
Македонија, исто така ја цени и потврдува поддршката на САД за реформирање и зајакнување на вооружените сили на Македонија.
Како надградба на нашето веќе силно партнерство во борбата против глобалниот тероризам и промовирањето на меѓународната стабилност, што се гледа преку нашите војници кои заедно служат во Ирак и Авганистан, нашите цивилни и воени офицери планираат да ги интензивираат своите билатерални контакти на високо ниво и да бараат можности за повеќе заеднички обуки и вежби за да ја зајакнат интероперабилноста на нашите сили и да го зацврстат нашето партнерство во промовирањето на меѓународната безбедност и борба против производството на оружје за масовно уништување.
Како одговор на заедничката желба за проширување на трговијата и инвестициите, Соединетите Држави и Македонија ќе бараат начини за зајакнување на економските врски и ќе преземат дополнителни мерки да ја зајакнат конкурентноста на македонската економија и да ги прошират можностите за американските и македонските бизниси.
Соединетите Држави ги поддржуваат континуираните напори на Македонија да изгради поволна клима за бизнис што е атрактивна за Соединетите Држави и за други странски инвестиции. Македонија изразува благодарност за можноста да го искористи Генерализираниот систем на преференци (ГСП) за да ја зајакне билатералната трговска размена. И двете земји го поддржуваат понатамошното проширување на трговските односи.
Македонија изразува задоволство од успешната имплементација на програмите за техничка помош на УСАИД во областите на демократија, економски раст и образование, и потврдува дека сака соработката во овие области да продолжи.
Двете земји исто така бараат можности да изградат поблиски и поцврсти врски помеѓу нивните граѓани и ќе преземат практични чекори за промовирање на размената во областите на образованието и културата.
Декларацијата од Самитот на НАТО во Букурешт јасно стави до знаење дека Република Македонија ги исполни демократските, економските и одбранбените стандарди на НАТО преку своето ригорозно учество во Акциониот план за членство.
Соединетите Држави продолжуваат да работат со нашите сојузници во НАТО за да ја одржат цврстата соработка на Македонија со НАТО во рамките на постоечките механизми додека земјата чека на покана за членство.
И двете земји очекуваат Македонија да се приклучи на НАТО што е можно побргу. Нашата интензивирана соработка во овој момент дополнително ќе ја зацврсти подготвеноста на Македонија во блиска иднина да ги преземе обврските и одговорностите во Алијансата“.
http://web.archive.org/web/20080514000125/http://www.state.gov/p/eur/rls/or/104441.htm