Интересни факти за Елисејската палата – домот на француските претседатели

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Додека поминавме бурен ден прашувајќи се кој ќе влезе во претседателската резиденција на Париз – Емануел Макрон или Марин Ле Пен, Елисејската палата веќе се подготвуваше за пречекот.

Во моментов клучевите се кај актуелниот претседател Франсоа Оланд, чиј мандат истекува по неколку дена. Тој ќе мора да го напушти станот до 14 мај.

Интересен факт е дека повеќето лидери на Франција не го поминале целиот мандат во резиденцијата, со исклучок на Шарл де Гол и Жак Ширак. Самиот Оланд започна да живее таму пред само две години.

Каква одлука ќе донесе новиот шеф на државата? Марин Ле Пен, на пример веќе рече дека ако победи, ќе остане дома, бидејќи сакала да живее со трите деца во досегашното живеалиште. Но, таа сепак нема да мора да носи таква одлука, зашто ги изгуби изборите.

Реликвија

Освен фактот дека Елисејската палата е резиденцијата на шефот на државата, таа е чувар на француската историја. Ѕидовите ѝ биле сведоци на големи настани, кои го засегнале во последните два века развојот на Европа и во светот.

Ако можеше да зборува, таа би раскажала и како на 22 јуни 1814 година Наполеон ја потпишува абдикацијата по поразот кај Ватерло, а оттаму заминал за островот Света Елена.

Првата зграда на местото на оваа палата е изградена во 1718 година од познатиот архитект Клод Моле. Овој дел на Париз бил далеку од главните патишта на градот во тоа време. Првиот станар на зградата станува грофот Д’Евро. Четвртина век потоа го купува Луј XV. За да ја подари на омилената – Маркиз де Помпадур, тој ја реструктуира зградата радикално. Подоцна ѝ го  дава тоа име поради близината до познатиот булевар Шанз-Елизе.

Претседателите

Револуцијата од 1848 година ја трансформира Елисејската палата во резиденција на претседателот. Тука престојувале вкупно 23 француски шефови. Привремено тој бил и згрижувачки центар за високите странски функционери, каде престојувала британската кралица Викторија, рускиот император Александар II, турскиот султан Абдул Азиз и други.

Во меѓувреме француската влада издвојува значителни средства за неговата трансформација во еден од најпознатите удобни и гламурозни дворци во Европа.

Кабинетот

Најважниот дел несомнено е собата на последниот кат, наменета за работен кабинет. Тука е “Златниот салон” со луксузен мебел и барокни слики по ѕидовите, каде важни одлуки носел самиот Де Гол. Оланд сепак го пресели кабинетот на приземјето.

Средбите

Посетите од странски лидери вклучуваат задолжителна посета на резиденцијата на францускиот претседател. Тој ги пречекува гостите во “Салата на прославата”.

Ѕидовите, подот и таванот се украсени со бел мермер, а позлатен лустер ја осветлува собата. Во салата “Салон Мурат” секоја недела има средби на Советот на министрите. Тие се одржуваат на голема тркалезна маса, која го зазема речиси целиот простор. Одбраната на дворецот и неговите жители е доверена на војниците од Републиканската гарда.