Најдобри и најлоши градови според квалитетот на животот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

На Мерцеровата листа, која ги рангира градовите на светот според индексот на квалитетот на животот, првото место веќе осма година по ред ја држи Виена, додека на последно место повторно се нашол Багдад.


На листата на најдобрите градови за живот меѓу 231 град , Загреб , втора година по ред го завзема 98место. Љубљана се наоѓа на76 место , Белград на 138, додека Сараево ја држи 159 позиција.
Виена е повторно најдобра поради својата силна културна сцена, квалитетното здравство, умерените цени за живеење и ефтиниот градски превоз.

На второ место е Цирих, трет е Оукленд, четврт Минхен, петти Ванкувер. Во Топ 10 се и Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел.
Големите светски центри не се ни во првите 30, Париз е на 38 место, Лондон е на 40, Њујорк е на 40, а Токио на 47 место.
Градовите се рангираат на основа на четириесет различни фактори како што се:политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, степенот на криминалот, можноста за рекреација, културната понуда, природната околина…
Од азиските градови највисоко е рангиран Сингапур,на 25 место, а од американските градови Сан Франциско, кој се нашол на 29 позиција. Во Африка најпријатен град за живот е јужноафриканскиот Дурбан, на 87 место.
Пет најлоши градови за живот се Картум(Судан) , Порт о Пренс(Хаити),Сана (Јемен…Бангуи (Централноафричка Република)и Багдад (Ирак)/СВ