Политичарите во целиот свет, многу повеќе сакаат да владеат отколку да водат љубов со згодни жени, рече некогашната италијанска порно звезда Илона Шталер, во салонот на Културниот центар во Белград, каде е гост на фестивалот Белдокс. Влеувајќи во Културниот центар Чичолина викнала “Чао чичолини”.
Само што зачекорила на сцената таа ја дигнала блузата за да можат фоторепортерите да ги сликаат нејзините голи гради.
Кога гардеробата ја доведе во пристојна состојба Чилолина во друштво на Алесандрo Мелацини режисерот на филмот “Чилочина, кума на скандалите”, започнала ралзговор со Стеван Филиповиќ, селекторот на програмата “Ерос и танатос”, во чии рамки на Музејот на Кинотеката ќе биде прикажан филмот за животот на некогашната порно звезда.
Како што рече Чичолина, нејзината мајка заради подобар живот трудна ја поминала границата меѓу Унгарија и Југославија.
„Тогаш мојата мајка сакаше да живее во Југославија и ние поминувавме преку некое езеро. Стигнавме кај една баба која не нагости. Меѓутоа се вративме во Будимпешта, бидејќи татко ми на мајка ми и постави услов, дека ќе се разведе ако таа со мене продолжи да живее во Југославија. Мајка ми сепак донесе одлука да се врати кај мажот и така не станав “Чичолина од Југославија”.
Некогашната порно звезда, смета дека порно индустријата се преместила во политичките арени насекаде во свет.
„Политичарите низ целиот свет повеќе сакаат да владеат отколку да водат љубов со згодни жени. Секогаш сум била на страната на малцинските груpи во општествoто. Кога се кандидирав на изборите добив 20 илјади гласови и никогаш не сум била корумпирана. Се надевам дека на следните избори политичарите ќе бидат избрани по волја на народот а не по волја на партиите”, рече Чичолина.
Таа рече дека додека била во парламентот предложила неколку закони за образование, се борела за правата на животните и против експериментите над нив. Таа предложила затворениците да имаат право барем на еден ден во неделата да поминуваат со своите брачни другари. Чичолина е позната и по борбата за правата на геј популацијата.