Под големо полициско обезбедување стартува 70. Филмски фестивал во Кан, објавува Anadolu Agency (AA). Ќе трае до 28 мај. 
Војската го презеде обезбедувањето на железничката станица во Кан и аеродромот во Ница. Константно ќе биде следена ситуацијаа со 550 камери. За фестивалот се акредитирани повеќе од 40.000 лица, а се очекува дека фестивалот во текот на 12 дена ќе го посетат околу 200.000 луѓе. Сите овие безбедносни активности се реакција на терористичките напади на Франција.