Иако натриумот е од фундаментално значење за здравјето и опстанокот на организмот, при детално истражување дошле до заклучок дека во прекумерни количини крие и ризици – може да го зголеми нивото на крвниот притисок, да ја зголеми веројатноста од срцеви заболувања и од мозочен удар.
Иако претходните податоци се утврдени факти, во базата на две нови студии се посочуваат интересни резултати во однос на она што го знаеме за потрошувачката на натриум, задршка на течности, слабеењето и гладот. Тие се објавени на страниците на Journal of Clinical Investigation.
Спротивно на податоците од претходните истражувања, во овие се наведува дека потрошувачката на повеќе сол ја згаснува жедта, но ја зголемува гладта. Истражувачите дошле до заклучок дека глувците на кои им давале големи количества натриум но не и вода, биле во состојба успешно да “создадат” вода во организмот преку разградување на масти и мускулите.
Специјалисти во областа предупредуваат дека соопштувањето на овие податоци може да предизвика повеќе штета отколку корист. Идејата дека наодите се покана за пошироката јавност да се откаже од сè што веќе знаеме за потрошувачката на сол, е грешно, опасно и неодговорно.
Податоците, сепак, покренаа многубројни прашања и наметнуваат дополнителни истражувања во областа за да може со сигурност да се каже колку му штети на организмот прекумерното внесување сол.
Додека ги чекаме резултатите внимателно со солта!