Фото: По Дража Михајловиќ, Милан Недиќ, Србија го рехабилитира и четничкиот командант Никола Калабиќ?

од desk3
232 прегледи

Озлогласениот четнички Командант Никола Калабиќ бил суров “кољач” кој го предал Дража  Mихајловиќ. Вишиот суд во Ваљево го рехабилитирал некогашниот четенички заповедник Никола Колабиќ, пренесува Радио Слободна Европа. 

Барањето го поднела неговата внука Весна, а судот одлучил,   седум одлуки на Државната комисија за утврдување на воени злосторнички окупатори и нивниоте помагачи во Втората светска војан, денесени од април до октомври 1945 година кои се однесуваат на Калабиќ да ги смета за ништовни. 

За ништовно се смета и решението на Срескиот суд во Мионица од 11 ноември 1946 година кој Колабиќ го прогласил за народен непријател и му го одзел имотот. Неговата внука сега бара да и се врати целиот имот кој државата го одзела.

Сега дојде редот и на Калабиќ да се рехабилитираме, после рехабилитацијата на Дража Михаловиќ и Милан Недиќ, пишува  Express.hr.

Калабиќ командувал со Горската гарда која била под Дражина команда, а под надимакот Рас-Рас, бил познат по  неверојатната суровост од која не се срамел ниту малку.

Во писмо од април 1944 година, се открива дека лично го наредил колењето на партизанските симпатизери.

Слични содржини