Мистериозната планета Х, позната како Нибиру, се приближува кон Сончевиот систем. Аматери астрономи и уфолози погодуваат колку време останува до апокалипсата и дали нема повторно да ни се извлече .
Бразилскиот сенатор Телмарио Мота ги предупредил своите колеги во Сенатот дека ќе се промени гравитационото поле на Земјата и 2/3 од луѓето ќе загинат, напишал esoreiter.ru, цитиран од “предводникот”.
Мота изјавил дека добил информации од сигурен извор дека во октомври Земјата ќе биде стресена од страшни природни катаклизми, а по нив ќе настапи студ, глад и ужасни болести.
За среќа тој е само политичар. Научниците сметаат дека планетата Нибиру воопшто не постои.