Фиренца: Со „шмрк“ против неодговорните туристи

од desk2
271 прегледи

Можеби не навистина со шмрк, но на интересен начин градската власт на италијанскиот град Фиренца одлучи да се справи со неодговорните туристи.


Имено, туристите, кои ги имаа 12 милиони годишно во овој град, имаат обичај за време ручек да седнат на скалите на градскиот плоштад , а по нив оставаат отпадоци.
За да ги спречат и понатаму тоа да го прават градски

те власти одлучија по скалите одвреме навреме да пуштат вода, па така никој нема да седи на нив, или ако веќе седне ќе стане мокар.

Одлуката истиот ден стапи на сила, па скалите пред базиликата Санто Кроче и пред црквата Санто Спирито беа полеани со вода.
Секако реакциите на оваа мерка се поделени. Едни ја фалат, друи ја сметаат за елитистичка и насочена против туристите кои немаат и не можат да си приуштат ручек во скапите градски ресторани.
Градоначалникот вели дека место за пикник има на повеќе локации во градот, а скалите на црквите не се за таа намена.