Референдумот „за“ или „против“ рудници во Богданци може да се смета за успешен, бидејќи на дванаесетте избирачки места во оваa општина излезени се речиси околу 50 отсто од запишаните 6.918 грагани со право на глас, а до 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места преостанува уште време.

Граѓаните сметаат дека треба да се слушне гласот на народот за крупни проекти кои ќе имат влијание врз животот на заедницата, независно дали ќе се позитивни или негативни.
Жителите на Богданци денеска се изјаснуваат по две рефернеумдки прашања – дали да се стопира изградбата на рудникот „Казандол“ во Валандово и дали да се „за“ или „против“ отварање рудници и рударски комплекси за металични минерални во нивната општина.
Богданци е втората општина каде се спроведува рефендум. Одлуката за референдумско изјаснување за или против рудници едногласно ја донесоа советниците на Богданци откако во Гевгелија жителите кажаа „не“ за отварање рударски комплекс на планината Кожуф.
За стопирање на рудникот „Казандол“ кој се гради и треба наесен да почне со работа, идната недела ќе гласаат и жители на Дојран, додека Валандовчани ги доставија потребните потписи општинските власти да распишат референдумско изјаснување.