Голи велосипедисти го блокираа Мадрид

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Илјадници голи велосипедисти го преплавија центарот на Мадрид вчера попладне, за да ги заштитат правата за безбедно возење на велосипеди во шпанската престолнина и во други градови низ светот и да се побунат  против прекумерната употреба на автомобили, соопштува Еуроњус.

Велосипедистите влегоа од плоштадот “Сибелес” по  булеварот “Гран Виа” до плоштадот “Шпанија” во шпанската престолнина.

Иницијативата беше дел од глобалната кампања “Светска гола велосипедиска турнеја”.

Таа се организира секоја година во различни градови низ светот, на различни датуми. Вчера на пример имаше и гол велосипедски поход во Лондон, а ден пред тоа сличен марш имаше во Манчестер.