Британската влада го одложува говорот на кралицата поради неуспехот на Меј

од desk2
68 прегледи

Британската влада ќе го одложи говорот на кралицата во кој традиционално таа ги изложува политичките планови, поради хаотичната ситуација предизвикана од неуспехот на премиерката Tереза Меј да освои парламентарно мнозинство минатата недела, јави BBC во понеделник.

Говорот требаше да се одржи на 19 јуни, но ќе биде поместен за неколку дена.

Шокантните резултати од предвремените парламентарни избори минатата недела покрена прашања како Меј ќе успее во својот план да ја изведе Велика Британија од Европската унија, пренесува Reuters.