Голема акција за спас на Струга -Депонијата да се затрупа веднаш!

од Vladimir Zorba
165 прегледи

За акцијата е информиран и премиерот Зоран Заев кој побарал од министрите да си ја решат задачата како знаат и умеат, веднаш!

Сета расположлива механизација во регионот на Струга, механизација на Агенцијата за патишта, за денеска  се мобилизира за да ја реши депонијата во Струга.

Првин мора да се изгаси пожарот, а потоа истата да се затрпа со земја и песок. Оваа акција лично ќе ја води министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски  во содејство со локалната самоуправа и другите ресорни министерства. Акцијата е почната уште од ноќеска.

За акцијата е информиран и премиерот Зоран Заев кој побарал од министрите да си ја решат задачата како знаат и умеат, веднаш!

   Стружани со години од надлежните органи бараат решавање на овој проблем, а  сега и итна интервенција за гасење на пожарот на депонијата која е на само 500 метри од градот. Граѓаните бараат депонијата да се дислоцира и стратешки да се реши овој проблем.

Од неколку гарнитури  на локалната власт и владата на Груевски  имало ветувања дека ќе го решат проблемот   но резултат бил само поголем куп жубриште кое прераснува во загрозувачка депонија.

Последни состојби како што дознава Лолакно.мк,  се дека од депонијата и натаму чади, се избегнува вклучување на канадерите поради можно енормно ширење на загадувањето од гасовите кои излегуваат од истата и токму поради тоа со ангажман на механизација ќе се оди на  класично гаснење на пожарот, а потоа затрпување со земја и песок и конзервирање на  депонијата.