Здив од околу 8 милијарди евра за Грција

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Може така полесно ќе го голтне името.

Грција ќе добие за  потребата за плаќање на редовнот долг макрофинансиска помош. Еврогрупата синоќа постигна   договор за тоа. Еврогрупата постигна прелиминарен договор кој ќе и  овозможи на Грција да ја добие следната транша макрофинансискса  помош која треба да биде 8,5 милијарди евра, соопшти претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум по седницата на еврогрупата во четвртокот.

“Постигнавме согласност за Грција”, рече тој. Грција ќеја  добие “првата исплата од 7,7 милијарди евра за новата транша” за решавање на долговите во почетокот на јули,  најави   Клаус Реглинг по седницата,кој ги   раководи Европските стабилизациски механизми (ESM).

“Многу е важно да се постигне договор за време а средбата на Еврогрупата на 15 јуни”, беше рекол тој на крајот на мај Беноа Кјоре, член на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ). Овој договор би требало да значи дека кредиторите на Грција  создале јасност во врска со постигнувањето на договор за олеснување на долгот на Атина. Мерките за олеснување на финансискиот товар на Грција нема да влезат во сила пред 2018 година Сепак “разјаснувањето во однос на мерките денес ќе помогне за претходна распределба на многу од помошта за земјата, најмногу за враќање на довербата” дома и во странство, рече уште тој. Според него јасноста во врска со долгот, исто така е и неопходен услов за тоа грчките акции да се здобијат со потребните квалитети за да се тргуваат во рамките на програмата на ЕЦБ за купување на средства.

Еврогрупата не успеа да постигне консензус во однос на Грција за време на претходната средба на 22-ти мај. За постигнување на конечната одлука придонесуваме и противречностите за фискалните цели на Грција меѓу Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и европските кредитори, на чело со Германија.

Во исто време строгата финансиска позиција на Берлин не се очекува да се промени, бидејќи во земјата претстојат парламентарни избори во септември, а јавноста е нагодена негативно спрема таа финансиска помош за оваа балканска држава. Германската влада има ветување на пратениците во земјата дека нема да нуди дополнителна финансиска помош за Грција без согласност на ММФ. Фондот сепак сметаше дека европските прогнози за растот на Грција и вишокот во буџетот се премногу оптимистички и изјави дека нема да учествува во програмата, освен ако таа не вклучува детали за ублажување на долгот – нешто што Берлин го одбиваше.

Грција веќе гласаше за воведување на нови мерки за штедење, и покрај зголеменото неодобрување кај грчкото општество. Парламентот го  усвои контроверзниот закон кој предвидува низа мерки за штедење, меѓу кои нови намалувања на платите и пензиите од 2019 година, намалување на социјалните бенефиции и зголемување на даноците. Проектот предвидува и можност  за колективни отпуштања на вработени.

Грција веќе неколку месеци води сложени преговори со еврозоната и ММФ. Преговорите редовно се прекинуваат поради несогласувања по реформите на пазарот на трудот, пензиите и приватизација планови за кои инсистираат доверителите. Крајниот рок за измазнување на противречностите беше 1 јули, кога земјата треба да згасне уште сума од 7 милијарди евра обврски.

Бидејќи Атина  ја немаат оваа сума, таа би можела да избегне банкрот само ако добие нови заеми што изгледа дека е договорено сега.  Третата програма за финансиска помош за Грција во износ до 80 милијарди евра беше усвоена од земјите од еврозоната во август 2015 година, но бара строги мерки за намалување на пензиите, намалување на социјалните плаќања, приватизација на државната сопственост.

Токму  за  реализацијата на оваа програма за реформи не можат  да стигнат до заемно разбирање Грција и експерти од европските институции.

Таа  е дилемата и дали Атина полесно да си  го зачува или ќе го голтне името-должник или банкрот!

На почетокот на годината Реглинг сметаше дека по истекот на сегашниот спасувачка програма за Грција во средината на 2018 година е можно земјата да нема потреба од нова. Според Реглинг при правилно исполнување на поставената програма по истекот на рокот   Атина ќе може “сама да стои на нозе и да зема сопствени заеми од финансиските пазари”. Тогаш тој потврди дека меѓу европските институции и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) постојат разлики околу прогнозите за идните економски перспективи на Грција, пред се во однос на одржливоста на долгот. “Постојат разлики и околу тоа до колку Атина остварила преземените обврски за стабилизирање на својата финансиска систем. ЕУ смета дека Грција практично направи сè што беше можно за консолидирање на буџетот, додека според ММФ има уште многу работа во оваа сфера “, посочи тогаш Реглинг.

Еврогрупата е неформален орган во кој министрите на земјите членки од еврозоната разговараат за прашања кои се однесуваат на споделените одговорности во врска со еврото. Главната нејзина задача е да обезбедува тесна координација на економските политики помеѓу земјите членки од еврозоната. Друга цел на Еврогрупата е да се промовира создавањето на услови за посилен економски раст. Освен тоа Еврогрупата  е одговорена за подготовката на средбите на врвот на земјите од еврозоната и за следење по нив. Еврогрупата обично се состанува еднаш месечно, во пресрет на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања.