Дебата Алаѓозовски VS Канчевска Милеска: „Компетентната“ мајка на поголемото разгаленото и некултурно дете

од Vladimir Zorba
198 прегледи
  Дебататa меѓу актулениот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешната министерка Елизабета Канчевска Милевска, наликуваше на разговор меѓу мајка на новороденче и мајка на девет годишно дете.
Сосема нелојална конкуренција во расправата каде што, таа се смета за компетентна само поради фактот што минала низ извесни искуства, и се осмелува да доминира во муабетот. А фактот што некој пораснал дете, сам по себе ништо не значи. Можеби, израснала разгалено, безобразно и некултурно дете, дисциплинирано да игра по нејзината волја само затоа што ќе добие се.
Подмитено, научено на корупција со многу сојузници од страна што му викаат браво на секоја глупост и го наградуваат со непотребни и скапи играчки. Од друга страна, се што носи неизвесноста на некој што допрва треба да се справи со раст и развој, не го амнестира родителот во ништо, поточно мора барем да биде добро информиран за тоа што следува.
Културната политика на „големата мајка“ е евидентна со многу докази, што ќе треба да ги распрааваат некои други надлежни институции. Се изнагледавме грандиозни проекти и градби, за кои најчесто оние што плаќаат можат само да се фотографираат со објектите во кои таа култура се случува.
Малку атрактивното и се што не одеше во прилог на партискиот маркетинг, настрада , се препелкаше, искреше и за среќа не згасна. Тоа што ќе следува, е макотрпен процес. Внимателно во одгледувањето на ова новороденче, ќе го минираат уште непрозборено и непроодено. Ќе го сопнуваат на секоја грешка. Се очекува многу од него. Треба да порасне слободно и квалитетно, транспарентно. Ќе се соберат повторно хиени да се лепат со оредените на лавот.
На почетокот најава за отвореност кон рокенролот субкултурата на големи фанфари влез на „невладините“ во институционалните порти.
Но, националната програма е преполна со „гладни“ и помаку значајни проекти кои треба да ги задоволат апетитите на сите. Пораснаа заедно со оваа мајка, многу деца и нивните сметки и суети. Ќе се борат жилаво да си вратат незаслужените позиции. Има шанси да се превоспита ова дете, сигурно и покрај се, во себе носи некои квалитети.
Националната културна стратегија е стар заговор, со кој секој си поигруваше, според сопствените афинитети.
Да се надеваме дека грешките ќе бидат исправени и во сета фасада на културата ќе влезе суштинска култура. Ова министерство треба да се занимава со благородни идеји што единствено и само ќе се повикуваат на професионалност и на квалитет, сите негови други намени, ги видовме.
А. Василевска