NBC News: Куба ја критикуваше политиката на претседателот Доналд Трамп

од desk3
126 прегледи
Владата на Куба  остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп за неговата “непријателска реторика”, соопштува NBC News .
За време на својот говор во Мајами, Флорида, Трамп најави промени во политиката на САД спрема Куба.
Во соопштението на кубанската влада предводена од Раул Кастро се вели дека администрацијата на САД “презема чекор назад во односите меѓу двете земји”.
Телевизискиот канал потсетува дека претседателот Барак Обама одлучи да ги нормализира односите на САД со островската држава по многу децении на изолација.