Русија го претстави „универзалниот војник“

од desk2
230 прегледи

Рускиот воен истражувачки центар го претстави прототипот на борбен костим на следната генерација, кое потсетува на оние од серијалот „Војна на ѕвездите“.

Прототипот се состои од кацига, која го покрива и штити лицето и главата на војникот, и оклоп за телото, кој претставува производ на врвна технологија на иднината.

Оклопот има таканаречен егзоскелет, чија намена е да го зголеми перформансите и издржливоста на војникот во борба.
„Ова е наша визија за борбено одело на иднината, кое би сакале да го направиме во следните две години. Работиме со руски компании специјализирани за различни елементи на борбена опрема, што треба да им помогне на војниците на бојното поле“, вели Олег Чикарев од Централниот изтражувачки институт за прецизни машини, еден од главните руски конструктори на оружје.

Руската војска активно се подготвува да излезе во пресрет на војните од иднината.
Минатата година соопштија дека се работи на роботи кои постепено, место луѓето, ќе ја преземат улогата на војници во водух, на земја, во вода и во вселената.

Оделото, претставено во четвртокот, дел е од новиот воен проект „Легионер“, кој подразбира и развој на софистицирано оружје, комуникациски системи и дополнителна опрема за потполна заштита на војниците од куршуми и гелери.
На социјалните мрежи веднаш почнаа споредбите на новиот костим со оние од научно-фантастичните филмови, а најинтересна забелешка е дека новиот егзоскелет од руските војници ќе направи „универзални војници“, алудирајќи на блокбастерот од 90-те со Жан Клод Ван Дам. Има и такви кои костимот го споредуваат со јунаците од „Војна на ѕвездите“.

https://www.youtube.com/watch?v=tJxQiBCjKvc