
Целосно автономните автомобили веќе речиси се тука, но големото прашање останува: како ќе успеат да го направат вистинскиот избор, во ситуации на живот или смрт?
Научниците демонстрираа дека најпаметните автомобили ќе можат да прават сложени етички одлуки ако на патот се појават опасности и таквите репенија ќе бидат слични на нашите.
Научниците го проучиле човековото однесување и тоа го поставиле во серија од виртуелни тестови, по што тимот успеал да ги опише принципите на донесувањето на морални одлуки, кои се претставени односни вметнати во алгоритам. Тоа е голема вест во науката, бидејќи пред се сметаше дека моделирањето на сложени етички одлуки е надвор од можностите на нашата наука.
“Но, ние токму го откривме спротивното”, коментира Леон Сјутфелд, еден од членовите на тимот составен од научници од Универзитетот Оснабрук во Германија.
“Човечкото однесување во ситуации на дилема може да се моделира од релативно едноставен алгоритам кој се базира на концептот на вредност на животот. Овој концепт е моделиран преку придодавање на одредена вредност, која е слична на моделот на секој човек”.
“Сега веќе знаеме како ќе ги примениме човековите етички одлуки во машините, но треба да одлучиме дали сакаме да ги програмирање машините со нашите етички или со нашиот хуманни вредности?”