Меѓу нашиот претседател Владимир Путин и првата дама на САД Мелани Трамп имаче одредена симпатија, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во ТВ “Россия 1”, цитиран од британскиот The Sun

Прес секретарот на рускиот претседател коментира за средбата во германскиот град Хамбург на крајот на минатата недела на форум на лидерите на 20-те најразвиени економии во светот.
Песков повтори дека господарот на Кремљ остана задоволен од разговорите со американскиот колега Доналд Трамп. “Нашиот претседател имаше можноста да разговори и со првата дама на САД.
Имаше лесна размена на мислење и ми се чини дека имаше одредена симпатија во ова дружење”, додаде Песков. “Господин Путин и госпоѓа Трамп разговараа важни теми како рамноправноста на жените и улогата на дамите во економијата”, посочи уште портпаролот на Кремљ.