Жугиќ не сакала да си замине од директорската позиција, го заклучила кабинетот и заминала со службеното возило

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Од неофицијални извори од театарот Комедија, ЦИВИЛ Медиа дознава дека Јелена Жугиќ не сакала да постапи согласно одлуката на министерот за култура Роберт Алаѓозовски за разрешување од позицијата директор. Жугиќ го заклучила својот кабинет, со клучевите и службеното возило решила да замине на службен пат притоа заканувајќи се дека ќе тужи.

Откако била предупредена дека нејзината постапка не е согласно законот, по кусо време одлучила да се врати и да го отвори кабинетот.

Министерството за култура за вршителка на должноста директор во Театар Комедија – Скопје, на местото на Жугиќ ја е именува Мирјана Поповска – Ристов.