Wizzair ја укинува доплатата за рачен багаж

од desk2
527 прегледи

Нискобуџетната авиокомпанија Wizzair денес соопшти одлични новости!

По 29-ти октомври, освен малата патна торба со димензии 42х32х25, ќе може бесплатно да внесете и поголема патна торба со димензии 55х40х23.

За летовите по 29-ти октомври 2017-та, цените на билетите во една насока опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и рачен багаж со поголеми димензии, со максимум тежина до 10 kg.

Секој дополнително пријавен багаж е подложен на дополнителни такси, се наведува во официјалното соопштение.