“Деспасито” на Луис Фонси ги претекна хитовите како “Макарена” и “Бејбе”.
Песната “Despacito” на порториканскиот пејач Луис Фонси ја преплави земјината топка и веќе е за најмногу пуштаната песна на сите времиња.
Од Universal Music Latin Entertainment изјавија дека “Despacito” во оригиналната и ремикс верзии достигна до 4,6 милијарди посети на различни социјални мрежи и платформи, вклучувајќи YouTube и Spotify.
“Despacito” почна да се шири светкавично наскоро по излегувањето во јануари и најде уште поширока публика во април. Порториканското видео ја собори песната на Џастин Бибер “Sorry” од 2015 година, која била слушана вкупно 4,38 милијарди пати, тврдат од Universal.
“Despacito”, што значи “бавно” на шпански, беше 10 недели како сингл №1 на американската рејтинг листа, што ја прави првата песна на шпански јазик, која достигнала до таква позиција по “Macarena” во 1996.