Пожарите во Хрватска – тероризам?!

од desk2
247 прегледи

Во Градец, на единственото место кое не е опфатено со далмациските пожари, пожарникарите наводно пронашле цигара обмотана со кибритчиња.


На Facebook страна на DVD општина Градец, објавена е фотографија за која поарникарите тврдат дека е доказ дека пожарите во Далмација се подметнати.

„Пронајдовме доказ дека пожарите се подметнуваат. Имено, утрово во Градец, на единственото место кое не е допрено од огнот, пронајдена е цигара околу која се намотани чкорчиња. Му слежела на пироманот да се запали со задоцнување за да има време да избега од местото. Ние ги ризикуваме животите, влегуваме во оган, спасување луѓе и имот.Што прават тие – подметнуваат. Дали ова е тероризам?“, стои во објавата на DVD на општината Градец.