Хотелиерите во Мали, Крит зазеле радикални мерки против младите, претежно британски туристи – и одбиваат да ги прифатат резервациите .

Деведесет и пет проценти од хотелите во одморалиштето потпишале план за забрана на пристапот на луѓе од озлогласениот сектор 18-30. Заменик-градоначалник на Херсонисос, Ефтимос Мутракис ја префрли вината на туроператорите кои продаваат одмори “каде што сè е дозволено”.
Тој изјави за Лондон Тајмс: “Им дадовме на овие туроператори слобода, да создаваат претстава за нашите летувалишта, која нема никаква врска со реалноста. “Малија не е место за секс дрога и оргии.” Хотелиерите веруваат дека ќе бидат во можност да се пополнат хотелите претежно со семејствата од Германија, Холандија и Австрија.
Еден хотелиер изјави за весникот: “Ние немаме ништо против овие деца и британскиот народ како целина, но овие туроператори работат на работ на злосторството. Со свирче во рацете, тие ги водат тинејџерите веќе во состојба на кома и групно оргијање по ноќите. Резултатот е изненадувачки! “