Тим хакери успеа со помош на евтин робот да отворат сеф од познат бренд на сцена во Лас Вегас.

Тимот од компанијата SparkFun Electronics успеа да отвори сеф SesntrySafe за триесетина минути. Роботот успеа да о намали боројт на можни комбинации од милион само на 1.000 пред да почне брзо да ги испробува останатите комбинации се додека сефот не се отвори.
Откако роботот ја погоди комбинацијата 51.36.91, која го отвора сефот, следеше гласен аплауз од неколку стотини хакери кои беа во публика.
„Ова беше една од најстрашните работи што ги направив. Многу работи можеа да тргнат наопаку, а публиката беше бројна. Многу сме среќни што успеавме да го отвориме сефот“, вели Нејтан Сиедл од комапнијата SparkFun Electronics за BBC.
Портпаролот на компанијата SentrySafe не беше достапен за коментар.
Роботот кој го отвори сефот чини 200 долари, а направен е од делови испринтани со 3D печатач, кои лесно може да се заменат за да се прилагодат на различни типови сефови. Сепак, тој не може да отвори дигитална брава, но ранливостите на овој систем од порано се откриени.
https://www.youtube.com/watch?v=g8TyE838Qew