Министерот за надворешни работи на Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ оценил дека разграничувањето на она „што е српско и што е албанско“ е „единствено трајно компромисно решение“ во дијалогот на Белград и Приштина за Косово и Метохија.
Дачиќ во авторски текст за весникот „Блиц“ најавил дека со претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој го покренал прашањето за внатрешен дијалог ќе ја провери можноста на разграничување на тој простор.
„Тоа е единствено компромисно решение во договорот помеѓу Србите и Албанците, со посебен статус за нашите цркви и манастири и со формирањето на Заедницата на српски општини на југот на Косово. Доколку се процени дека тоа е неприфатливо јас нема да бидам несреќен туку ќе се обидам да го дадам својот придонес во изнаоѓање на трајно и реално решени“, пишува Дачиќ.
Според него дијалогот за Косово и Метохија го дава одговорот на прашањето „колку сме зрели“.