Симптоми на топлотен удар и што да правиме ако ги почувствуваме

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Во ова топло и жешко време ви нидиме одредени совети: да не се биде на отворено во периодот од 12 до 18 часа и притоа со себе да имаме вода, да носиме шапка.

Освен овие мерки треба да сме облечени во светла облека, порачуваат експерти.

Треба да земеме лесни оброци и повеќе течности и зеленчук.

Специјалистите укажуваат на тоа какви симптоми се случуваат кога се има топлотен удар.
Чувство на вртоглавица, вкочанетост на екстремитетите се дел од манифестациите при топлотен удар и затоа нешто што мора прво да се направи – да се оди до најблиското место во затворен простор, да побараме помош од човек и во дискреција да  викнеме Брза помош или да се оди до најблиската болница.

Ако пак станеме сведоци на тоа да лице има доживеано топлотен удар, тогаш треба пациентот да се стави во лежечка положба, на соодветно безбедно место и да алармира лекарски тим. Ние можеме да му дадеме вода.