Планината Каилаш во западниот дел на Тибет е едно од најсветите места на светот, а според Хиндусите, тоа е местото каде настнал светот. Но, воедно тоа е едно од најнепристапните места на светот.

Нејзиниот врв на височина од 6.638 метри никогаш не бил освоен. Планината има пирамидален облик и речиси е невозможно да и се пристапи, а обидите се и забранети затоа што верниците од четири религии го сметаат врвот за најсвето место. Според Хиндусите, на врвот живее богот Шива, заедно со неговата сопруга Парвати и се во состојба на постојана медитација.
Освен Хиндусите, ова место е свето за Будистите, како и за Јаинистите и припадниците на тибетската религија Bön. Со илјадници години припадниците на овие религии одат во свет поход околу планината, криг што изнесува 52 километри, во само еден ден, за добра среќа.Но, оваа прошетка на места е по стрмни и високи делови, па има можност од висинска болест.
Додека Хиндусите и Бидистите одат во насока на сказалките од часовникот, Јаиниситите и припадниците на Bön одат обратно. За да се изоди кругот потребна е физичка спремност, а треба да се изоди за 15 часа.
Каилаш се издигнува над изворите од најдолите реки во Азија, реката Индус, Сутел, Брамапутра и Карнили, а тука се и двете езера Манасаровар и Ракшеса.
На санскрит називот на оваа планина е Каилаш, а се смета дека доаѓа од зборот келаса, што значи кристал. Тибетското име е Гангс Рин-по-че. Гангс е тибетски збор што значи снежен врв, а ринпоче е ценет, па може да се преведе како ценет снежен дијамант.