Тилерсон смирува: Нема опасност од Северна Кореја

од desk2
123 прегледи

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во среда апелираше за смиреност и рече дека Американците не треба да се грижат заради Северна Кореја откако нејзините челници и американскиот претседател Доналд Трамп разменија тешки закани, инсистирајќи дека не верува дека постои никаква закана во моментот.


„Американците треба мирно да спијат’, вели Тилерсон.

Тилерсон поблаго се обиде да објасни што значи трамповото предупредување за Пјонгјанг дека ќе се соочи со оган и бес каков светот се уште не видел, доколку Северот упати нови закани до САД.

Тилерсон вели дека Трамп се обидел да прати силна порака до севернокорејскиот водач за да нема никакви погрешни пресметки. Тоа е она што Ким-Јонг ум може да го разбере, затоа што изгледа не го разбира дипломатскиот јазик. Мислам дека претседателот само сакаше да биде јасен кон севернокорејскиот режим за американската способност да се одбрани, дека ќе се брани себеси и своите сојузници..

Вели дека севернокорејските ескалирани закани покажуваат дека Пјонгјанг чувствува притисок од успешната американска стратегија.

Тилерсон ги отфрли шпекулациите дека САД се приближува до воена опција поради нуклеарките и балистичките ракети на Северна Кореја.

„Ништо не сум видел и ништо што знам укажува на тоа дека ситуацијата драстично се променила во последните 24 часа“, додава Тилерсон.

Шефот на американската дипломатија разговараше со новинарите во авионот додека се вражаше од малезија, запирајќи на Гуам. Неколку часа порано, Северна Кореја соопшти дека размислува за напад на американскиот остров на сред Тихиот Океан, каде има бројни воени американки бази и таму се застанува за гориво.

Тилерсон вели дека никогаш не помислил да го пренасочи летот од Малезија за да го избегне Гуам.
Иако вели немало закана, сепак додава дека Северна Кореја поседува оружје за напад во повеќе правци, а Гуам не еединственото место кое е под закана од напад.