(ВИДЕО) Ако се прејадеме многу од нив стануваат наши убијци

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Видео објавено на youtube покажува какви количини од најпопуларните јадења се опасни за нас да нe разболат и дури убијат, ако се прејадеме.

Ако изедете 1100 портокали вие ќе се предозирате со витамин Ц, тогаш само две лажици морско оревче се доволни отров за организмот, пишува “Дејли мејл”.

Тоа е затоа што морско оревче содржи миристин. Тоа е психоактивна супстанца која може да предизвика конвулзии, палпитации, па дури и смрт.

Убиствени можат да се покажат уште 70 чаши кафе за човек со тежина од 70 кг. Истиот фатален ефект постигнуваат 85 чоколадни блокови, 3 шишиња алкохол, 29 лажички црн пипер, 480 банани, 11 илјади портокали, 10 чајни чаши шеќер или 6 литри вода, испиени за многу краток временски период.

За прв пат на канадскиот канал Asap Science објави видео во кое покажа какви дози на храна и пијалоци можат да не убијат. Во 2015 година ваков клипот собра над 12 милиони посетители. Минатата недела образовнииот канал го објави вториот дел од темата и само за пет дена видеото собра над 2,4 милиони гледачи.