Кубанскиот претседател Раул Кастро, во име на сите Кубанци, на народот на Венецуела му ја честита победата на изборите и основањето на Уставотворното собрание.

Кастро вели дека Венецуела, како и до сега, никогаш нема да биде осамена и дека може да смета на народот на Куба.
Тој во писмото упатено до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, наведе „ со длабока револуционерна радост дознав за исходот на изборите и формирањето на Националното уставотворното собрание“.
„Без сомнеж, овој политички успех е вредна лекција која ја претвори Венецуела во значаен симбол на нашиот континент, како што Фудел (Кастро) објасни во својата кристално чиста визија. Лушето зборуваат гласно и јасно дека ќе останат верни на наследството на Симон Боливар и претседателот Уго Чавез“, напиша кастро во писмото.
Според него, искуството покажало дека „кој било терористички чин го зајакнува моралот на народот, секоја агресија го прави посилен, а секој удар го јакне единстовот“.
„Сигурно, деновите на тешка борба, меѓународното вознемирување, блокади и немаштија се пред вас, но ќе има денови на стварање и работа за револуционерите и целокупниот народ на Венецуела“, вели кастро во писмото.