Телото на шведската новинарка не е најдено во подморницата

од desk2
82 прегледи

Данската полиција која е во потрага по шведската новинарка во недела соопшти дека пребарана е подморницата која сопственикот сам ја изгради, а потона пред неколку дена, но тело не е најдено.

Новинарката Ким Вал од Шведска била на подморницата пред таа да потоне. Богаташот Петер Мадсен е обвинет дека ја убил новинарката, а од вчера е во притвор следните 24 дена.

Подморницата Наутилус во саботата беше извлечена на површината, а преку ноќ од неа беше исцедена водата. Но, во недела полицијата утврди дека е празна.

Полицијата ја идентификува исчезнатата новинарка како Ким Вал, 30 годишна Швеѓанка, која пишувала за Медсен.
Од нема нема ни трага ни глас од четвртокот, вечерта, кога се качила на подморницата заедно со Мадсен.
Нејзиното момче ја алармираше полицијата откако не се вратила дома навреме.

Мадсен тврди дека ја оставил на еден остров во близина на Копенхаген, по интервјуто.
Во петок наутро, подмморницата е забележана во заливот Коге, на 50 км од Копенхаген. Нешто подоцна Мадсен се извлекол од подморницата,а таа потонала.

Полицијата сметаше дека Мадсен ја убил новинарката и ја потопил подморницата за да го прикрие злосторството.
Новинарката Вал работи од Пекинг и САД, а нејзини текстови излегуваа во New York Times и Guardian, како и во други медиуми.
Полицијата се надева дека набргу ќе ја најде жива, но предупредуваат дека можеби и е мртва