Христијанската демократска унија на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините сојузници се непријатели на Турција и за нив не треба да гласате, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тоој ги повика турките државјани кои живеат во Германија на изборите следниот месец таму да не гласаат за партијата на Меркел, туку да ги поддржат гермаснките политички партии кои не се непријатели на Турција.
„Ги повикувам сите свои земјаци во германија да не гласаат за Христијанската демократска унија, Сoцијалдемократската партија ниту за Партијата на зелените. Тие се непријатели на Турција. Поддржете ги оние кои не се “, вели Ердоган.