Погледнете го видеото на силна бура снимена од вселената

од desk2
75 прегледи

Рускиот астронаут Сергеј Риазански сподели со јавноста воодушевувачка снимка од бура на Земјата која е снимена од Меѓународната вселенска станица.


Риазански го објави видеото на социјалните мрежи, нагласувајќи дека сите досегашни негови снимки наиште на феноменални реакции кај луѓето.

 

Тој сподели и фотографии од „вселенска прошетка“ која му е четврта по ред.

Неговиот колега астронаутот Фјодор Јурчикин исто така учествувал на прошетката која траела седум и пол часови.
Риазински и неговиот колега Олег Котов пак, во 2013 година поставија рекорд во најдолга вселенска прошетка која траеше 8 часа и 7 минути.