Дали верувате дека со позитивното размислување доаѓате до добри работи?

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Луѓето често велат дека позитивното размислување води до добри работи, но дали е така? Психолозите и експертите за мотивација повторуваат дека мораме да амислиме нја успех и да ја фалиме моќта на позитивното размислување. Но, некои научници имаат токму спротивното мислење – позитивните мисли можат да доведат до лоши работи, пишува io9.

Идејата зад ова објаснување е всушност многу едноставна. Ако го гледате животот во розови очила и се надевате само на најубавото, во еден несреќен момент може да се најдете бескрајно неподготвени, кога работите не се развиваат на начинот на кој сте очекувале.

Така завршувате во тешка ситуација, која не била предвидена и ништо во досегашниот ваш оптимистички свет на однесување не ве подготвило за новите пречки.

Заклучокот е на германските социјални психолози Габриеле Отинген и Дорис Мајер, кои го спровеле експеримент со 83 Германци. “Замислувајќи позитивна разврска пренесува чувство дека ќа ја дофатите целта, што пак ја спречува мотивацијата и концентрацијата, потребни за реалниот успех”, коментира Хедер Крапс, доцент од Лондонската школа за економија.