Министерката Дескоска ќе лоцира грешки во учебниците

од Vladimir Zorba
115 прегледи

 Министерката за образование, Рената Дескоска, ги повикa наставниците и професорите да се вклучат во лоцирањето на грешки во учебниците.

Минатата недела бил испратен допис до сите училишта и креирана е апликација преку која наставниците и професорите од сите училишта се поканети да укажат на грешки и проблеми во учебниците. На директорите им е испратена лозинка, која преку e-ucebnici.mon.gov.mk, наставниците можат лично да ги внесат бараните податоци.

– Ги очекуваме одговорите од наставниците и професорите до 15 септември и ја користам оваа прилика да апелирам до сите нив да се вклучат активно во овој консултативен процес – рече Дескоска.

Министерката во јуни годинава најави ревизија на учебниците на сите нивоа на образование.