Црвени балони врзани за шахти осамнаа низ улиците на Сиднеј и ги изненадија граѓаните. Мистеријата кусо потоа стана една од главните теми за разговор на Твитер.

– Ова е вторпат да ги видам овие балони надвор, гласи еден од коментарите.
Покрај балонот пишува „’Тоа’ е поблиску од што мислите”. Тоа ќе рече, се работи за оригинална реклама за преработката на филмската класика од 1990-те, „Тоа“. Во филмот, главен антагонист е кловн кој живее во подземјето и се појавува во кошмарите на неколку деца, дури и откако ќе пораснат.
Вакви морничави, но сепак оригинални реклами за хорор филмовите во најава, не се нова појава. Тој тренд трае веќе со години.
Премиерата на новата верзија на „Тоа“ ќе се случи оваа недела.