(ВИДЕО) Пештерски музеј во Египет открива „вистинско нацистичко богатство”

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Пештерски музеј посветен на познатиот германски нацистички генерал Ромел, кој за време на Втората светска воја извесно време успешно војувал во Египет е откриен во оваа земја и тој претставува вистинско нацистичко “богатство”. . Ервин Ромел бил командант на германскиот африкански корпус и станал познат како Пустинска лисица.

Тој се прочил по смелите воените операции што ги водел во Северна Африка. Командувал и со германските сили против сојузничките војници кои извршиле инвазија во Нормандија и од многумина се смета за најдобар командант кој војувал во пустински воени услови за време на Втората светска војна.

Музејот во Египет покажува многу лични предмети на Ромел – слики, оружје, нацистички знамиња и сувенири. Посетителите со интерес ја разгледуваат изложбата и велат дека се среќни да ги видат работите што ги прочитале и слушнале.

Пештерата, во која е сместен музејот, е користена како воено командно место на Ромен од каде раководел со воените операции за време на војната во Северна Африка. Реновирањето на пештерата и претворањето во музеј чинело 2.5 милиони египетски фунти, што е околу 117.000 евра.