Една баба од Москва е чист пример како треба да се живее и колку позитивниот став влијае на квалитетот на живот и долговечноста. Без сомнеж – треба да ја послушаме.

Имено, Facebook страницата Human’s of New York објави фотографија од 90-годишната бабичка, не надевајќи се дека ќе стане планетарно популарна, како со своето модно издание, така и со енергијата која зрачи од неа и советите кои ги даде.
„Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50. Не пијам лекови и никогаш не се жалам. Секогаш им велам на луѓето: Тргни од она што имаш, а не од она што го посакуваш. Јас едноставно сум среќна што сум жива“, вели оваа неверојатна госпоѓа од Москва.
„Секој ден танцувам по два часа и уживам во тоа. Ме интересира политика и книжевност. Сакам наука. И да, имам момче Александар. Разменуваме книги. Не знам колку години има“, заврши бабичката.
Со својата појава и советите таа допре до многумина, па постот на Facebook собра повеќе од 500.000 лајкови и речиси 20.000 коментари.
„Јас не ве ни познавам, но вие сте, госпоѓо, мој херој“, „Само што сфатив што сакам да бидам кога ќе пораснам, а сакам да бидам таа“, се некои од коментарите“.
Оваа бабичка е жив доказ дека позитивниот став кон животот значи многу повеќе отколку што мислиме!