(ВИДЕО+ФОТО) Плажите и океанското дно на Бахамите изгледаат страшно – ураганот Ирма ја вшмука целата вода

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Ураганот “Ирма” е толку силен што ја измука водата од плажите на Бахамите, пишуваат светски агенции. Фотографиите и видеата кои го прикажуваат голото океанско днот беа споделени на социјалните мрежи.

Ова е исклучително редок природен феномен кој се забележува само при силни бури. Причината за оддалечувањето на водата емногу нискиот атмосферски притисок во окното на бурата, што предизвикува ефект на “вшмукување”. Ова предизвикува водата да се оддалечи од плажите и да се движи кон центарот на бурата.

Откако водата дојде до окното на невремето, масата вода беше вшмукаба во инката.

 

Американските метеоролози предупредија дека повлекувањето на водата може да продолжи со часови, но локалните жители се уште треба да бидат внимателни, бидејќи океанот ќе се врати многу брзо и многу подлабоко отколку порано.

Слични содржини