Филмот “It” или во превод „Тоа“, на комапнијата Warner Bors и New Line убедливо го освои првото место на американскиот бокс офис, откако за време на викендот заработи 117,15 милиони долари.

Филмот ја надмаши очекуваната добивка од 103 милиони долари и забележа петти најдобар дебитантски викенд во оваа година. Исто така ги урна рекордите, со тоа што има најглема викенд заработка во септември, со што го потисна “Hotel Transylvania 2″ i од 2015 година, кој тогап заработи 48,5 милиони долари. Рекордер е и во категоријата натприродни филмови, кој од 2011 година го држеше филмот „Paranormal Activity 3” со заработка од 52,6 милиони евра.
Хоророт “It” зад себе го остави и филмот “Spider-Man: Homecoming” , кој на дебито во јули заработи 117, 03 милиони долари.
На второ место е филмот “Sweet Home Alabama” со заработени 9 милиони долари, а на трето место “The Hitman’s Bodyguard” со 4,9 милиони долари.