Британскиот парламент официјално го поддржа Брегзит, Меј задоволна

од desk2
111 прегледи

Пратениците во британскиот парламент ноќеска гласаа за поддршка на законот за излез на Британија од Европската унија, со што овозможија тој да влезе во следната фаза на парламентарен процес, и се изјаснија против опозициските Лабуристи да го блокираат продолжувањето на носењето на законскиот оквир со кој ќе се разделат политичките, финансиските и правните врски со ЕУ.


Лабуристите ја повикаа владата да попушти при донесувањето на законот за повлекување на Британија од ЕУ, наведувајќи дека неколку членови на законот и овозможува на владата да ја „приграби моќта“.

По повеќе од осум часови расправа, пратениците во британскиот парламент со 326 гласови за и 290 против, гласаа за одбивање на амандманот на Лабуристите, кој би го сопрел законоти би оневозможил да премине во следната фаза на парламентарниот процес т.е. во второ читање, каде беше и поддржан.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави гласањето во парламентот и поддршката на законот за разделба на врските со Европската унија, наведувајќи дека таа одлука значи, „дека можеме да продолжиме со преговорите на солидни темели“.

„Рано утрово парламентот донесе историска одлука да ја поддржи волјата на британскиот народ и да гласа за закон кој дава сигурност и јаснотија пред нашето повлекување од ЕУ“, рече Меј во изјавата по гласањето, пренесе Хина.

„Иако останува уште многу да се направи, оваа одлука значи дека можеме да продолжиме со преговорите на солидни темели и да продолжиме да ги охрабруваме пратениците од сите делови на Обединетотокралство да работат заедно на поддржка на овој вително значаен закон“, вели британската премиерка.

Законот за кој станува збор предвидува пренесување на законот на ЕУ во британското законодавство за да се осигура дека Британија има закони кои функционираат и ист правен оквир како и ЕУ во моментот на Брегзит.

Таканарелениот Repeal Bill е централен дел на планот Британија до 2019 година да излезе од Унијата, со тоа прекинувајќи повеќе од 40 години учество на Лондон во донесувањето на европските закони и докинувајќи ја спогодбата со која Британија стана членка на ЕУ во 1972 година.