Белград блокиран, Парадата на гордоста стартува точно на пладне

од desk3
84 прегледи
Денес точно напладне во Белград почнува “Парадата на гордоста”. Карлеуша е кума премиерката и градоначалникот во колоната. Годинешнава парада се оргнаизира под слоганот “За промена” и ќе започне од Цветниот плоштад. Огранизаторите очекуваат дека во центарот на Белград за ЛГБТ правата ќе прошетаат околу 3.000 луѓе. Според првичните информации од белградските репортери, улицата Крал Млан веќе е затворена а многу кордони од полицајци веќе се на своите места. На улиците се и припадниците на комуналната полиција. Оваа Парада на гордоста е прва на која ќе учествува и претседател на Владата на Србија. Ана Брнабиќ во јуни стана еден од малкумината премиери во светот кои отворено се декларираат како припадник на ЛГБТ заедницата. Брнабиќ за Политика изјави дека нејзино присуство и присуството на неколкуте министри јасно зборува за определувањето на Србија кон целосно почитување на правата на специфичностите на малцинските групи.
– Тоа пред неколу години тешко беше да се замисли, како што е сега сосема нормално, така за некое време ќе биде нормално да зборуваме за теми за кои денес не сме подготвени. Бидејќи како што и сами гледате, границите на освојувањто на слободата се поместуваат и ние како општество сме направиле големи чекори последните неколку години. Јас верувам во ова општество и волјата на нашите граѓани да ги штитат своите, а со самото тоа и правата на другите луѓе, рече Брнабиќ.