Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Oслободување на уапсениот Игор Југ, кој вчера беше приведен за упадот и насилството во Собранието на крвавиот четврток на 27 април побара актерот Тони Михајловски.

Тој на својот Фејсбук профил постави фотографија од транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“. Ваков транспарент имаше и на профилите на повеќе луѓе кои лично се познавале со уапсениот или беа дел од протестите пред да се случи упадот во Собранието.

Инаку, Игор Југ, осомничен за насилството што се случи на 27 април во Собранието, уште во текот на вчерашниот ден, откако беше уапсен во Куманово, по распишана потерница, бил спроведен во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи уште во април му беше одредена мерка притвор од 8 дена.

Времетраењето на притворот од осум дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка.

Во моментов за осомничено лице, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од  Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство.