Јавноста во Хрватска во шок: Не сте семејство ако немате деца, или ако детето ви умрело!

од desk2
105 прегледи

Во Хрватска деновиве за јавна расправа пуштен е нацрт предлог-закон за семејство, а веднаш предизвика жестоки реакции, поради некои одредби, посебно онаа која вели дека без деца нема семејство.


„Во смисла на овој Закон семејството се состои од мајка, татко и нивните деца, мајка со дете, односно татко со дете, иако не живеат заедно и останатите роднини кои со нив живеат“.

Со нацрт предлог-законот не е задоволен ни премиерот Андреј Пленковиќ, кој вели дека пред да се пушти еден предлог-закон на јавна расправа прво добро треба да се разгледа низ владините тела.

Шокирана е и поранешната министерка Миланка Оачиќ, која смета дека ваквата дефиниција е ужасно дискриминаторска. „Зар повеќе не сте семејство ако ви умрело детето: “, прашува таа.

Потсети дека ЕУ препорачува семејството да не се дефинира со закон затоа што денеска семејствата се толку различни што невозмоно е да се дефинираат.

Доктор по семејно право вели дека овој предлог закон е многу дискриминаторски, на пример што е со истополовите семејства, каде има деца од претходниот брак.