Оваа жена мисли дека стареењето е болест, си вбризгува бактерија стара 3,5 милиони години

од desk2
122 прегледи

Се претставува како „Manoush“, а таа е германска зависничка од пластични операции. Во едно шоу откри колку години има и стана предмет на потсмев.

Во изминатите 20 години, Manoush, според сопственото признание потрошила 42.000 евра на естетска хирургија.

Ги коригирала очите, ги средувала образите, носот, усните, а градите дури пет пати. Во минатите неколку месеци оваа Германка во крвта си вбризгува бактерија стара околу 3,5 милиони години.

„Стареењето е како болест и јас се борам против тоа. Сакам достоинствено да остарам“, вели таа која има само 48 години.

Бројни гледачи сметаат дека тоа не е вистина и дека сигурно е накај 60 години, некои дури сметаат и дека има 70 години.

Manoush не се грижи за тоа, а вели дека себеси се смета за „човечки лабораториски глушец“.

„Бактеријата Bacillus F ја открија руските научници во Сибир во 2009 година. Заради неа се чувствувам повитална“, вели Германката.